ВАР систем од септември во квалификациите за Светското првенство 2022

Новиот селектор Милевски ќе го има дебито против Ерменците во Скопје/Фото: ФФМ

Европската фудбалска унија (УЕФА) соопшти дека ВАР системот ќе се користи во продолжение на европските квалификации за Светското првенство 2022 година.

Одлуката беше донесена во јули на Извршниот одбор на УЕФА, а одобрението за употреба на видео системот го даде Светската фудбалска федерација (ФИФА).

ВАР видео технологијата (видео асистент судија или скратено ВАР) е систем што се користи во фудбалот за да му помогне на главниот судија да прегледа нејасни ситуации за време на натпреварот.

ВАР ќе се користи од четвртото коло од квалификациите и ќе биде присутен на сите натпревари од септември годинава.

Првичните планови за започнување со користење на ВАР се одложени поради логистички проблеми и ризици поврзани со пандемијата на коронавирус.

ВАР системот ќе биде сместен на стадионот домаќин на натпреварот, во посебно комбе.

И во Скопје ќе се применува ВАР технологијата, својот четврти меч од мундијалските квалификации македонската А репрезентација ќе го има на 2 септември против Ерменија на Националната арена „Тодор Проески“.

Милевски и официјално ја презема репрезентацијата: Заедничка цел е пласман на ЕП 2024 година, ветувам посветеност, професионалност….

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот