ВАР повторно е главен во Премиер лигата, му ја одзеде победата на Евертон против Јунајтед (ВИДЕО)

Евертон и Манчестер јунајтед одиграа 1:1, иако домашните фудбалери во судиското продолжение постигнаа гол кој подоцна им беше поништен поради ВАР технологијата.

Евертон стартуваше одлично на натпреварот, уште во третата минута, голманот на „црвените ѓаволи“, Давид де Хеа прави катастрофална грешка со која Евертон поведе со 1:0.

Сепак, до крајот на првото полувреме, јануарското засилување, Бруно Фернандеш, во 31. минута донесе израмнување.

До крајот на натпреварот и двете екипи имаа свои шанси да дојдат до победата, а најголемите возбудувања се случија во судиското продолжение кога Евертон постигна гол, но тој беше понишен од ВАР технологијата. Во 93., минута, Доминик Калверт-Луин постигна гол, но ВАР го поништи поради офсајд позиција.

На вториот натпревар, Тотенхем доживеа вистински шок пред своите гледачи поразен е со 2:3 од Вулверхемптон. Тотенхем на полувреме имаше предност од 2:1, но гостинските фудбалери во вториот дел постигнаа два гола преку Жота и Хименез и дојдоа до изненадувачка победа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот