ВАР лудило во Премиер лигата, Евертон во 92. минута го шокира Арсенал
Фудбалерите на Евертон го совладаа Арсенал со 2:1 во последниот натпревар од 15 коло во Премиер лигата.
И на овој наптревар во „главната улога“ беше ВАР технологијата која му поништи два гола на Ришарлисон.
Првиот гол му беше поништен во 45 минута поради офсајд. Само две минути подоцна, Арсенал од првата вистинска акција успеа да поведе преку Мартин Едегор.
Во второто полувреме Евертон продолжи да напаѓа и да доминира на „Гудисон“ и Ришарлисон во 58 минута постигна гол, но судијата по консултација со ВАР собата, тој е поништен поради офсајд.
Менаџерот на Евертон, Рафаел Бенитез, во финишот тргна на сè или ништо и тоа му се исплатеше. Прво во 79 минута, Ришарлисон повторно постигна гол, а судијата овој пат судијата го призна за 1:1.
Во финишот, Арсенал имаше одлична шанса преку Нкетиа кој ја погоди стативата. Казната за промашувањето дојде во 92. минута, и тоа преку Демараи Греј.
Со поразот, Арсенал падна на седмото место со 23 бода, додека Евертон е на 15 позиција со 20 бодови.