ВАР го однесе Тотенхем во полуфиналето на ЛШ (ВИДЕО)

EPA-EFE/NIGEL RODDIS

Екипите на Тотенхем и на Ливерпул се последните патници во полуфиналето на Лигата на шампионите каде ќе играат против Ајакс, односно Барселона.

Противник на Ајакс во полуфиналната пресметка ќе биде Тотенхем кој ја преживеа голеадата на „Етихад“ стадионот и загуби од Манчестер сити со 4:3 но предноста од првиот натпревар (1:0) се покажа како одлучувачка за лондонскиот тим да оди понатаму. Се можеше да биде поинаку доколку голот на Рахим Стерлинг во 93. минута беше признат. Но судијата Чакир по прегледувањето на снимката со помош на ВАР технологијата, одлучи да го поништи голот поради офсајд.

Гол шоуто на „Етихад“ го отвори Рахим Стерлинг во 4. минута, а одговорот на Тотенхем дојде многу брзо преку Сон кој направи целосен пресврт со головите во 7. и 10. минута. Само една минута подоцна Манчестер сити израмни преку Бернардо Силва, а во 21. минута повторно преку Стерлинг поведе со 3:2.

Во второто полувреме прво Агуеро со голот во 60 минута му донесе водство на својот тим од 4:2 но борбениот Тотенхем одговори преку Фернандо Љоренте во 73 минута.
Ливерпул без поголема мака со 4:1 го совлада Порто во реваншот и со вкупни 5:1 се пласира во полуфиналето каде гоочекува пресметка со Барселона.

Головите на Ливерпул беа дело  на Мане, Салах, Фирмињо и Ван Дајк, додека почесниот гол за Порто го постигна Милитао.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот