ВАР дефинитивно не функционира во Премиер лигата (ФОТО)

EPA-EFE/CHEMA MOYA

Фудбалерите на Норич дефинтивно имаат многу причини да бидат гневни поради поништениот гол во дуелот со Тотенхем. Натпреварот на крајот заврши 2:2 но прашање е дали ќе беше овој резултат идентичен доколку ВАР технологијата повторно не ги вмеша прстите на штета на домашниот тим.

При водство од 1:0 за Норич, Пуки постигна гол, но на крајот судијата Френд мораше да го поништи бидејќи од ВАР собата му беше сугерирано дека станува збор за офсајд позиција. Оваа ситуација за речиси сите навивачи е регуларна, но за ВАР технологијата ова е офсајд.
Погледнете и пресудете сами дали Пуки беше во недозволена ситуација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот