ВАНИЛА: Зачин кој е лековит и го подобрува либидото

ванила

Ванилата е еден од најпопуларните и најлековитите зачини во светот. Мешунките на ванилата се плод на вид на ползечка орхидеја која расте во тропски шуми.

Постојат над 150 видови ванила, а најпопуларни се типовите „бурбон“ и „тахити“. Некои индијански племиња ванилата ја користеле како противотров, за помош при белодробни заболувања, но и при сифилис.

Ванилата содржи голем број на антиоксиданси, витамин Б, минерали, железо, цинк и магнезиум. Помага при проблематична кожа, ги смирува симптомите за грип, а може и да го користат бремените жени за да го намалат гадењето. Кај девојките, помага за полесно поднесување на менструалните симптоми.

Аромата на ванилата го намалува стресот и напнатоста, но и го покачува либидото.

Во козметиката, екстрактот од ванила се користи како антибактериски додаток во кремите против акни.

Секоја мешунка може да се користи двапати – еднаш кога се користат семките и вторпат, кога по користењето можете да ги чувате во сад со шеќер за да направите домашен ванилин шеќер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот