Ванхојте: Допре ли Катица до недопирливите?

Фото: Слободен печат

Питер Ванхојте, белгиски екпсерт кој беше ангажиран од ЕУ во процесот на преговори и склучување на договорите од Пржино реагира за случувањата поврзани со Специјалното јавно обивинителство. Тој беше дел од процесот на договарање на СЈО и избор на Катица Јанева.

„Анализирајќи го она што се случува, моето прво прашање е: зошто ова одеднаш доаѓа на површина? Кој стои зад ова? Дали Катица Јанева допре до одредени луѓе кои се веруваа дека се недопирливи и над законот? Како одговор на прашањето “кој има интерес за тоа да се случи”, можев да дадам долга листа со имиња, но тоа нема да и помогне на земјата напред. Сепак, едно е јасно: Политичарите целосно ја збркаа работата. Наместо да се гарантира непристрасна и независна правда, политичарите од сите партии продолжија со своите лични борби и ја заборавија важноста на правилното спроведување на основните демократски принципи, како што се поделбата на власта и потребата за независно судство“, пишува Ванхојте.

Тој вели дека истрагите кои произлегуваат од прислушуваните разговори треба да продолжат.

„Тоа е товарот од минатото, но никој никогаш не треба да заборави што се случило и да се осигура дека оние што биле вклучени во него, вклучувајќи го и г-дин Груевски, се правилно гонети и  осудени. И ЕУ и г-дин Орбан треба да бидат свесни дека не може да му се даде право на азил, а во исто време да побара од Северна Македонија да го почитува владеењето на правото. Значи, да го исправиме и ова!“, порачува Ванхојте.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот