Ванг: САД туркаат кон нова студена војна

САД не треба да ја преминуваат црвената линија во однос на Тајван, изјави денеска кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји.

Тој посочи дека САД треба да престанат да сонуваат за тоа дека ќе ја променат Кина и предупреди дека Вашингтон ги турка односите меѓу двете земји кон „нова студена војна”, пренесува Блумберг.

– Некои американски политички сили се обидуваат да ги истуркаат нашите односи до работ на нова студена војна. Тоа е опасно и ќе го загрози глобалниот мир, рече Ванг на прес-конференција на маргините на 13-от Национален народен конгрес.

Тој рече дека и Кина и САД имаат корист од соработка и губат преку конфронтација, додавајќи дека двете земји мора да најдат начин за мирољубива коегзистенција.

Ванг оцени дека Пекинг и Вашингтон мора да започнат да ги координираат своите макро политики во корист на своите економии, но и светската економија.

– Најважното нешто што научивме од пандемијата на коронавирус е дека животот и здравјето на луѓето во различни земји никогаш не биле толку тесно поврзани, рече Ванг.

Според Сингхуа, тој додаде дека никогаш не било толку јасно дека сите народи живеат во исто глобално село и дека човештвото е всушност општество со заедничка иднина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот