Ванеса Брајант за „наоѓањето светлина во мракот“: Коби и Џиџи ме мотивираат да продолжам понатаму

Instagram

Поминаа скоро 14 месеци од трагичната смрт на кошаркарот Коби Брајант и неговата 13-годишна ќерка Џиџи во страшната хелихоптерска несреќа која се случи на 26 јануари минатата година.

Додека целиот свет тажеше по легендата на „NBA“ и неговата ќерка Џиџи, 38-годишната Ванеса Брајант се обидуваше да најде начин како да продолжи со својот живот, а воедно и да биде тука за своето семејство, 18-годишната ќерка Наталија, 4-годишната Бјанка и 1-годишната Капри кои ги делеше со Коби.

Не можам да кажам дека сум силна секој ден. Не можам да кажам дека нема денови кога чувствувам дека не можам да преживеам до следниот“, изјави вдовицата на прославениот кошаркар.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vanessa Bryant ? (@vanessabryant)

Брајант вели изминатиов период се посветила на креативните проекти кои останале недовршени во „Granity Studio“, мултимедијалната компанија на покојниот Коби.

Неодамна, Ванеса повторно ја отвори непрофитната добротворна организација на Коби, спортската фондација „Mamba & Mambacita“ чија цел е охрабрување на младите девојки и обезбедување на еднакви можности за идните спортски ѕвезди – визија што Коби ја поддржуваше со години.

За сето ова време, Ванеса покажа вистинска издржливост и грациозност додека истовремено се справуваше со неопислива болка и се бореше да остане целосно присутна во животот на нејзините ќерки.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vanessa Bryant ? (@vanessabryant)

Оваа болка е незамислива, но, мора да се издигнете и некако да туркате напред. Лежењето во кревет и плачењето нема да го промени фактот дека моето семејство никогаш нема да биде исто. Но, станување од кревет и туркањето напред ќе го направи денот подобар за моите девојчињата и за мене. Тоа е она што го правам јас“, изјави Ванеса во ексклузивното интервју за американскиот магазин „People“.

Обидувајќи се да се фокусира на „наоѓање светлина во мракот“, Ванеса вели дека црпи инспирација
од Коби и Џиџи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vanessa Bryant ? (@vanessabryant)

Претпоставувам дека најдобриот начин да го опишам тоа е што Коби и Џиџи ме мотивираат да продолжам понатаму. Тие ме инспирираат да работам повеќе и да се обидувам секој ден да бидам подобра. Нивната љубов е безусловна и тие ме мотивираат на различни начини“, изјави Ванеса.

Трајната моќ на љубовта и нејзината посветеност кон Наталија, Бјанка и Капри вели таа, станале нејзината спасоносна благодат.

Моите девојки ми помагаат да се насмеам низ болката. Ми даваат сила“, вели Ванеса.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот