Вандализирана позната туристичка атракција во Загреб: Властите ветија дека ќе ја отстранат паролата која повикува убивање на Срби (ФОТО)

Фото: Архива на „Слободен печат“

На макета во центарот на Загреб, повеќе од една недела стои натпис со пораката „Уби ги Србите“. Според пишувањата на „Јутарњи лист“, не е познато кога е напишана оваа националистичка порака на една од најпосетените туристички атракции во главниот град на Хрватска, ниту пак зошто комуналните редари не реагирале за нејзино бришење.

Еден граѓаните во групата „И тоа е Загреб“ на Фејбуск напиша дека навредливиот натпис стои веќе една недела и дека тоа го пријавил на надлежните, но ништо не е направено по тоа прашање.

Според наводите, „Јутарњи“ испратил и прашање до градските власти кога ќе биде избришан натписот и зошто нема реакција, а тие рекле дека до денес не добиле пријава, како и дека комуналните редари по пријавата, веднаш започнале со работа за отстранување на натписот.

Фото: Фејсбук/Boris Živković‎

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот