„Вандализам против современата ликовна уметност“: Муралот „Човекот од Струга“ покриен со билборд

Горан Ристовски, еден од нашите најталентирани визуелни уметници, на својот Фејсбук профил сподели дека неговиот мурал „Човекот од Струга“, парче уметност коeшто го подарил на својот роден град, деновиве бил покриен со билборд.

– Создавањето и покривањето на очите на „Човекот од Струга“… на муралот задно работевме со Марко Јанев и Enkel Dika во рамките на проектот „Струга креативен град“ 2017, напиша Ристовски на Фејсбук.

Голем број уметници искажаа поддршка за овој млад уметник, меѓу кои и Никола Пијанманов којшто ова го смета за „вандализам против современата ликовна уметност“.

– Муралот на колегата, уметникот Горан Ристовски во Струга, е бесрамно и натрапнички покриен со билборд. Ова го сметам за вандализам против современата ликовна уметност, напиша Пијанманов на Фејсбук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот