Ванда провоцира: Не знам дали ќе живееме во Париз или Торино

twitter/Feedelissimo

Мауро Икарди сам ќе избере каде сака да игра идната сезона, тврди неговата сопруга и агент, Ванда Нара.

Аргетинецот минатото лето поради несогласувањата со управара на Интер замина на позајмица во францускиот ПСЖ. Французите се задоволни од неговите игри и се подготвени уште сега да платат 70 милиони евра за откуп на договорот, но проблем претставува тоа што желбата на фудбалерот е да се врати во Италија, но не во Интер.

Сериозен интерес за неговите услуги пројавува и шамионот во Серија А, Јувентус кој се обиде да го купи минатото лето, но понудатата не беше прифатлива за Интер.

Денеска неговата сопруга Ванда Нара која воедно му е и агент на Икарди, повторно изјави дека не е сигурна каде нејзиниот љубен ќе ја продожи кариерата.

– Дали Мауро ќе преминe во Јувентус? Не знам. Не знам дали идната година ќе живееме во Париз, Торино или Милано. Одлуката ќе биде лично негова, а ние ќе го следиме што и да одлучи – изјави Ванда.
Икарди оваа сезона во дресот на ПСЖ одигра 28 натпревари на кои постигна 19 голови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот