Ванда повторно провоцира: Му земаа сè, но не и желбата да игра за Интер

EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Хаосот кој владееше во Интер изминатите неколку месеци полека стивнува и работите си доаѓаат на свое. Тимот е сè поблиску до пласман во Лигата на шамионите, несогласувањата на релација управа – Мауро Икарди се очекува да бидат разрешени, а тренерот Лучано Спалети го доби потребниот мир во соблекувалната со кој се вратија победите.

Интер вчера со 3:1 го совлада Фросиноне и се зацементира на третата позиција на табелата, а Мауро Икарди беше дел од тимот, но без капитенската лента.
Ванда Нара, која е главен виновник за хаотичната состојба околу Икарди и преговорите за новиот договор, не пропушти да ги пецне челниците на екипата.

– На Мауро му ја одземаа капитенската лента, му го одземаа правото да ги изведува пеналите, но никогаш нема да му го одземат задоволството и среќата да игра за Интер – изјави Ванда Нара во емисијата „Тики така“.

Причина за ваквата реакција е што на дуелот со Фросиноне, ударот од белата точка го изведе Иван Перишиќ, а не Икарди.
– Еве да го прашаме Лука Тони кој е со нас во студиото, беше врвен напаѓач, дали ти како Марио би дозволил некој друг да изведува пенал – го праша Ванда поранешниот италијански репрезентативец кој беше во студиото.

Тони џентлменски ѝ одговори на сопругата на Икарди.
„За мене тој гест е вреден за почит, и е поважен од секој погодок бидејќи е убаво да се види како еден напаѓач му препушта на колега да шутира пенал“ одговори Тони.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот