Ванда му ги затвори вратите на Икарди во Наполи

Напаѓачот Мауро Икарди се наоѓа на излезни врати од Интер, но сè уште не се знае во кој клуб ќе ја продокжи кариерата. Како еден од главните фаворити за потпис со поранешниот капитен на Интер, се споменуваше Наполи, но првиот човек на тимот го демантира написите во медиумите.

– Јас и Ванда Нара сме се сретнале да преговараме за Икарди? Тоа е голема глупост. Ја запознав Ванда Нара пред три години и немам намера повторно да ја гледам. Маури Икарди не ни е потребен. Кога прашавме за него, нашиот напаѓач Милик  беше повреден – изјави Аурелио де Лаурентис, претседателот на Наполи.

Тој во разговорот за радиото Кис Кис од Неапол, зборуваше и за шансите да го ангажираат Хамес Родригез од Реал Мадрид.

– Тој е во нашите срца, посебно во тоа на тренерот Анчелоти кој го тренираше и го познава најдобро од сите. Проблемот со Хамес и што мора да преговараме со Реал Мадрид. Но, ние сме тешки преговарачи и нема да се согласиме на неправедните барања на претседателот на Реал, Флорентино Перез – рече Де Лаурентис.

Реал Мадрид бара 42 милиони евра за колумбискиот репрезентативец и сака веднаш да го продаде, додека желбата на Наполи е едногодишна позајмица со засолжителен откуп на договорот идното лето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот