Ван Хојте: Катица Јанева беше избор на Груевски, но тоа не му пречеше на СДСМ

Катица Јанева очигледно беше избор на Никола Груевски, но се чинеше дека тоа не им пречи на СДСМ, вели во интервју за ИРЛ Питер Ван Хојте, кој беше посредник во таканаречените пржински преговори, кои резултираа и со формирање на СЈО.

-Имавме долги разговори и стандардизација како да се избере специјалниот обвинител но и дека секоја партија ќе има свој кандидат. И тогаш се изненадив бидејќи двете најголеми партии се чинеше дека имаат внатрешен договор. Тоа е моето чувство. Потоа тој кандидат беше избран. Ми беше драго, повеќе не постоеше проблем. Тие разговараа и надвор од процесот. Верував во тоа време дека тоа е добар развој. Сега не сум сигурен. Можеби тоа било дел од поголем договор. Не знам, но можеби еден ден појасно ќе ми биде – вели Ван Хојте.

Во интервјуто, тој посочува дека од денешна перспектива е разочаран поради тоа што СДСМ немал проблем со системот, туку, како што вели, партијата сакала да ја презеде власта.

-И денес се гледаат примеси дека го користат системот што постоеше тогаш за да останат на власт. Воопшто не е добар тој клиентелистички систем. Си имаат шефови и клиенти за работни места со цел да се осигураат дека ќе имаат гласачи – истакна Ван Хојте, додавајќи дека амнестијата пред да биде окончан судски процес се судира со концептот на почитување на владеење на правото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот