Ван Гог утре во Скопје ќе ја промовираат книгата „Море без обала“

„Слободен печат“ и „Баги Комуникации“ со задоволство ве покануваат на промоцијата на
новиот албум и книга на групата „Ван Гог“ на 13 јуни во Скопје.

Промоцијата ќе се одржи во „Плеј кафе“, во Скопје сити мол, со почеток во 12 часот.

Неодамна групата го издаде својот нов, десетти по ред студиски албум „Море без обала“, кој
македонската публика веќе имаше можност да го преслуша. Деновиве излезе и ексклузивниот транспарентен син винил од истиот албум, а истовремено е промовирана и книга чиј автор е Звонимир Ѓукиќ.

„Ван Гог – Море без обала“, е книгата со која се добива и подарок, новиот десетти студиски албум на
бендот, како и цеде со роденденскиот концерт на групата што се одржа во центарот Belexpo
во 2016 година.

Меѓу кориците на книгата се сместени текстови, фотографии и тајни на Ѓуле
Ван Гог.„ Возбудени сме што доаѓаме повторно во Скопје и со нетрпение ја очекуваме
средбата со медиумите и со нашите фанови“, вели Ѓуле. Во Македонија секогаш сме
имале незаборавни настапи! Не случајно и промоцијата ја правиме меѓу првите во
регионот.

Роден е во 1963 година, на иста возраст како Квентин Тарантино, Џулијан Ленон и Џони Деп.
Звонимир Ѓукиќ е познат како пејач, гитарист, текстописец и фронтмен на „Ван Гог“. Со оваа
група тој сними десет студиски албуми, наполни многу сали во Србија, регионот и во светот, а
двапати ја освои регионалната музичка награда на MTV. Малку се знае дека тој е несуден
виолинист што навреме побегнал во рокенролот. Уште помалку е познато дека од својот татко
ја наследува љубовта кон фотографијата и фотографската вештина, но и скромноста што долго
време го спречувала своите фотографии да ги сподели со светот. Во оваа книга тој тоа го прави
за првпат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот