Ван Гал имал десет трансфер желби во Јунајтед, Вудворд не му исполнил ниту една
Холанѓанецот две години седеше на клупата на Манчестер јунајтед.
Ван Гал го презеде кормилото на Јунајтед веднаш по завршувањето на Светското првенство во Бразил 2014 година, наследувајќи го Дејвид Мојес кој не ги оправда очекувањата.
Холанѓанецот кој важи за ексцентричен тренер кој бара максимална дисциплина на „Олд трафорд“ дојде со своја листа на засилувања на која имаше 10 имиња, но извршниот потпретседател Ед Вудворд не му исполни ниту една желба.
– Го сакав Роберт Левандовски, но тој трансфер беше невозможна мисија и поради тоа го предложив Гонзало Игуаин како второ решение во нападот. Пред моето доаѓање разговарав со бордот на директори за евентуален трансфер на Нејмар бидејќи кога сте во Јунајтед мора да го сакате најдоброто. Тој беше интересен и за клубот поради маркетингот, односно продажбата на дресовите.
Сакав да имам брзи крила и поради тоа ги барав Садио Мане и Ријад Марез, а на списокот беа и Томас Милер како и Нголо Канте. Џејмс Милнер ќе беше одлично решение во средниот ред.
Во одбраната сакав да ги имам Серхио Рамос и Матс Хумелс бидејќи тогашната одбрана на Јунајтед немаше доволен квалитет за големи нешта. Кога си заминав од Јунајтед, Марез потпиша за Сити, а Канте за Челси бидејќи ние не успеавме да ги ангажираме. Многу чудно – изјави Ван Гал за англиските медиуми.