Ван Дер Сар по лошата сезона го напушти Ајакс

Фото: EPA-EFE/Gerrit van Keulen

Холанѓанецот Едвин Ван Дер Сар кој ќе остане запаметен како еден од најголемите голмани на сите времиња си замина од директорската позиција во Ајакс.

Ван Дер Сар оваа функција ја извршуваше од 2016. Година и беше дел од едни од најголемите успеси на Ајакс во 21. век.

Најголем резултат кој долго ќе се памети секако е полуфиналето во 2019. година.

„По поминати скоро 11 години во клупскиот борд заминувам. Заедно поминавме низ многу нешта, имаше и тешки периоди. Благодарен сум на луѓето кои ги запознав за време на мојот престој. Во овој момент чувствувам дека треба да се дистанцирам и да се опуштам со некои други работи. Не чувствувам дека е правилно да носам одлуки за овој клуб во иднина, затоа одлучив да си заминам“, изјави Ван Дер Сар.

Заминувањето на Ван Дер Сар доаѓа по лошата сезона на Ајакс кој во холандското првенство заврши на третата позиција зад шампионот Фејенорд и ПСВ. Третата позиција од Холандија носи во квалификациите за Лигата на Европа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот