Ван Дајк останува верен на Ливерпул

фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Столбот на одбраната на Ливерпул, Вирџил ван Дајк се согласи да потпише нов договор со европскиот шампион. Според англиските медиуми, тој во наредниот период треба да стави потпис на нов шестгодишен договор со Ливерпул.

Ван Дајк на „Енфилд“ дојде минатата година,  за тогаш рекордна сума за еден дефанзивец, 75 милини евра, од редовите на Саутемптон. Токму холандскиот репрезентативец е најзаслужен што Ливерпул од тим со слаба одбрана, стана еден од најдобрите тимови во Англија во дефанзивата. Исто така е еден од најзаслужните што Ливерпул минатата сезона триумфира во Лигата на шампионите.

Со новиот договор, Холанѓанецот ќе добие покачување од 75.000 фунти неделно и новата плата ќе му изнесува 200.000 фунти неделно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот