Ван Дајк најдобар играч во Премиер лигата

фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Вирџил ван Дајк е најдобар играч во Премиер лигата според професионалните фудбалери во Англија. Оваа вест ја пренесе „Дејли Меил“ иако официјалните резултати ќе бидат обелоденети утре, но весникот открива дека столбот на одбраната на Ливерпул добил највече гласови од колегите во Премиер лигата.

Холанѓанецот е фантастичен сезонава, вистински лидер на одбраната на Ливерпул и е еден од најзаслужните што неговиот тим води „мртва трка“ со Манчестер сити за титулата.
„Мртва трка“ според „Дејли Меил“ водеше и Ван Дајк со фудбалерот на Манчестер сити, Рахим Стерлинг кој на крајот ќе мора да се задоволи со второто место. Покрај Ван Дајк и Стерлинг , на листата од шестмина финалисти се најдоа уште и Серхио Агуеро, Бернардо Силва, Еден Азар и Садио Мане.

Минатогодинешниот освојувач на признанието, Мохамед Салах, овојпат не се најде ниту на листата на финалисти. Гала-вечерата на која официјално ќе бидат доделени наградите на Здружението на професионални фудбалери во Англија ќе се одржи на 28 април во Лондон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот