Ван Дајк е клучот за успехот на Ливерпул

twitter/Soccer Talk

Поранешниот холандски репрезентативец, Руд Гулит, го посочи својот сонародник Вирџил ван Дајк како најзаслужен за успесите на „црвените“.

Ван Дајк во 2018 година пристигна во Ливерпул од Саутемптон за тогаш рекордни 75 милини фунти. Со неговото доаѓање, одбраната на Ливерпул стана една од најдобрите, а Ван Дајк се промовира како еден од најдобрите дефанзивци на денешницата.

– Сите најдобри екипи имаат добра одбрана, токму одбраната ги носи победите. Барселона со Пујол  имаше одлична одбрана и освои неколку титули во Лигата на шампионите. Доколку одбраната не е на нивото, можете да напаѓате колку сакате, но секогаш ќе примите многу голови. Гвардиола купи четири стопери, но ниту тие не можеа да направат тоа што треба. Згора на тоа немаше среќа со повредите. Ливерпул со Ван Дајк го реши тој проблем – рече Гулит кој продолжи да упатува пофалби за својот сонародник.

– Ван Дајк е пример дека бев во право. Во Холандија кога ќе кажам дека мора да се научи да се игра одбрана, луѓето веднаш ме напаѓаат. Но, со одбраната се започнува.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот