Ван Бастен: Подобар сум од Вернер барем 18 пати

Марко ван Бастен се смета за еден од најдобрите напаѓачи на сите времиња/ фото: PA/MARCO DE SWART

Поранешниот холандски репрезентативец Марко ван Бастен, нема позитивно мислење за квалитетите на напаѓачот на Челси, Тимо Вернер.

Ван Бастен кој е еден од најдобрите напаѓачи на сите времиња, смета дека Вернер не е фудбалер за големи клубови.
– Барем 18 пати сум подобар од него. Тој не може да биде напаѓач од светска класа и не треба да игра за толку голем клуб каков што е Челси – вели Ван Бастен.

Тимо Вернер минатото лето од Лајпциг се пресели на „Стемфорд бриџ“, но не ги оправда очекувањата и се „прослави“ со неверојатните промашувања, од кои едно беше и против фудбалската репрезентација на Македонија во квалификациите за СП 2022 година кога промаши празен гол од пет метри.
Минатата сезона, Тимо Вернер постигна вкупно 12 гола во сите натпреварувања.

Марко ван Бастен во својата кариера настапуваше за Ајакс и за Милан, а со репрезентацијата на Холандија во 1988 година триумфира на Европското првенство.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот