Валверде: Во Саудиска Арабија сме поради парите

EPA-EFE/RAUL CARO

Барселона вечерва (20 ч.) во Џеда, Саудиска Арабија, игра против Атлетико Мадрид во рамките на полуфиналето на шпанскиот Суперкуп.

Во првото полуфинале, Реал Мадрид вчера со 3:1 ја совлада Валенсија и обезбеди пласман во финалето каде го чека подобриот од вечерашниот дуел.

Во пресрет на второто полуфинале, тренерот на Барселона, Ернесто Валверде, призна дека парите го победија фудбалот.

– Кога ќе подвлечеме линија, гледаме дека фудбалот стана голем бизнис, а во секој бизнис најважните се приходите. Ние сме тука поради парите. Не сме навикнати на ова. Суперкупот отсекогаш беше битка за првиот трофеј со сезоната, но сега работите се променија и ајде да видиме како ќе изгледа тоа – вели Валвере.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот