Валверде се прости од Барселона

фото:твитер

Тренерот кој вчера доби отказ, денеска со отворено писмо се прости од навивачите, управата, фудбалерите на клубот.

Шпанскиот шампион вчеравечер соопшти дека му врачи отказ на Ернесто Валверде и како негов наследник го назначи Кике Сетиен. Денеска Валверде со отворено писмо се прости од навивачите, управата и фудбалерите:

„Драги навивачи на Барселона,
Дојде време да се разделиме. Ова беа возбудливи две и пол години. Имавме моменти за уживање, славевме победи и освојувавме трофеи. Сепак, имаше и моменти кога беше тешко. Сепак, пред се, благодарен сум на поддршката која ми ја дадовте.

Сакам да се заблагодарам и на претседателот и бордот на директори кои ми дадоа можност да ја водам екипата на Барселона. Благодарен сум на сите луѓе со кои работев, за постојаната поддршка која ми ја пружаа но и за односот кој го имаа кон мене. Нормално, сакам да им се заблагодарам на фудбалерите за вложениот труд кој ни донесе четири заеднички трофеи. Од сега и посакувам најголема среќа, исто и на новиот тренер“, стои во писмото на Валверде.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот