Валверде само го чува местото, еве зошто и натаму е тренер на Барса! (ФОТО)

фото:твитер

Како што пренесува британскиот „Дејли Експрес“, можно е Пеп Гвардиола да се врати на „Камп Ноу“,Барселона е заинтересирана на крајот од сезоната повторно да го ангажира шпанскиот стратег, секако доколку постои желба кај него да се врати на стадионот на кој ги направи најголемите успеси како тренер, но и како фудбалер.

Тоа е можеби и една од причините поради кои Барселона не сака да го отпушти Ернерсто Валверде, и го чува на клупата и покрај „просечните“ резултати, иако се поправаат во последно време.

Ќе има поддршка од клубот до завршувањето на сезоната и тоа без разлика дали ќе има успеси или не, ќе биде сменет после три години, а на негово место ќе дојде добро познато име.

Од друга страна, и Гвардиола не е презадоволен во Сити, во дилема е дали повторно да побара од сопствениците да трошат пари на засилувања, со оглед на тоа што можеби е веќе загубена трката за шампионската титула во Премиер лигата, иако „граѓаните“ барем според светските обложувалници е прв фаворит за трофејот во ЛШ.

Ќе видиме дали Барса ќе успее во преговорите со Гвардиола кој со овој клуб за четири сезони освои 14 титули, бидејќи се шпекулира дека можно е и да седне на клупата на Јувентус.

Гвардиола после заминувањето од Барселона рече дека нема никогаш повеќе да се врати на „Камп Ноу“, но можеби во меѓувреме се предомислил. Можеби има желба уште еднаш во кариерата да го води најдобриот фудбалер на светот, Лионел Меси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот