Валверде не го сакал Де Јонг во Барселона

фото:твитер

Холандски „Телеграф” објави информација дека тренерот на Барселона, Ернесто Валверде, бил против ангажирањето на младиот фудбалер Френки Де Јонг кој во минатата сезона играше одлично во дресот на Ајакс.

Освен тоа што Холанѓаните го критикуваат Валверде дека не сакал да го земе Де Јонг, туку сега тврдат дека тој не знае да извади максимум од знаењето кое го има фудбалерот кој редовно е дел од почетниот состав на каталонците.

Де Јонг летоска потпиша петгодишен договор. Бил привлечен од можноста да игра во голем клуб и да биде соиграч на Лионел Меси.

Секако и финансиската понуда на Барса беше одлична, па тој прејде кај нив, но не игра на иста позиција како во Ајакс и според холандските медиуми, нема доволно слобода во играта, па неговиот талент не испливува доволно на површина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот