Валона: Блокирани 2,1 тони пилешко месо од Полска поради салмонела

Регионалната дирекција на албанската Национална агенција за храна во приморскиот град Валона, блокираше 2.130 килограми пилешко месо.

Од месото, што е потекло од Полска, веднаш по пристигнувањето земени се мостри и од анализата било утврдено присуство на салмонела (Salmonella Enterica Ser. Enteritidis).

Пратката прстигнала кај правен субјект што се занмавал со „трговија со млечни и месни производи”

„Кај субјектот прстигна пратка од 2.130 килограми непреработено пилешко месо, спакувано во картонски кутии во тежина од по10 килограми и замрзнато на -18 степени Целзиусови. По извршените анализи беше потврдено присуство на Салмонела”, информираа од албанската Национална агенција (АКУ).

Месото ќе биде унштено.

Во септември, во Драч, агенцијата забрани увоз на 27 тони пилешко месо од Бразил, наменето за албанскиот пазар откако било констатирано дека е небезбедно за консумирање.

Кусо пред тоа беше забранет влез на вкупно 387,1 тони свинско и пилешко месо увезени од Бразил, Канада и Кипар и беа вратени назад во земјата на потекло. Од вкупната колична, 53 тони беа со крајна дестинација Косово.

Од поодамна албанската агенција за храна врши ригорозна контрола на месото бидејќи честопати трговците увезуваат месо што е проблематично за исхрана.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот