Валков: Минимум 2,5 милиона Бугари прележаа ковид-19

Девојка со заштитна маска против коронавирусот во Софија, Бугарија / Фото: EPA-EFE/VASSIL DONEV

Најверојатно, Бугарија нема повторно да достигне бројки од 5 000 заразени лица дневно, коментира д-р Трифон Валков од Инфективната болница во Софија, јави дописникот на МИА од Софија.

Валков за Нова ТВ изјави дека „лицата кои прележаа ковид-19 се многукратно повеќе од официјално пријавените. Реалната бројка на лица кои ја имале болеста е најмалку 2,5 милиона”.

– Една од причините за повеќето позитивни тестови е што се прават повеќе тестови. Секогаш во Бугарија се правеа околу 10-12 000 тестови, а сега има денови кога се прават и по 16 000. Втора причина е што веќе се додаваат тестови за антиген, изјави Валков за бугарската Нова ТВ.

Според него, теоретски е можно на почетокот на април повторно во земјата да се дојде до бројка од 5 000 инфицирани лица дневно.

– Меѓутоа, и натаму мислам дека нема да достигнеме слично зголемување на бројот на заразени лица, какво што имавме во ноември. Повеќето луѓе веќе го прележаа вирусот. Има и многу вакцинирани, изјави инфектологот.

Инфективната болница во Софија располага со околу 90 легла за пациенти со коронавирус. До крајот на февруари се пополни само 1/3 од капацитетот на болницата во Софија.

Специјалистот, исто така, го искоментира и квалитетот на вакцините.

– Во светот има нарачани околу 11,3 милијарди вакцини. Проблемот е во нивната неправилна распределба, додаде тој.

На прашањето дали е доволна една доза од вакцината, Валков одговори дека „подобро е луѓето да се вакцинираат со нешто отколку да останат невакцинирани со ништо. Сите три вакцини произведуваат релативно добар имунитет по првата игла”.

Денеска во Бугарија министерот за здравство, Костадин Ангелов, го презентира електронскиот систем преку кој може да се почитува делот за вакцинација и со каква вакцина тоа да се стори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот