„Валканиот танц“ ќе добие уште едно продолжение: Да се потсетиме на некои интересни факти и сцени за филмот

Романтичната драма која беше хит во светот ќе добие продолжение, а во него ќе се појави и Џенифер Греј, која во првиот дел ја глумеше партнерката на Патрик Свејзи.
Режијата на новото продолжение ја потпишува Џонатан Левин, а Греј ќе биде извршна продуцентка на филмот.

„Ќе биде тоа романтично-носталгичен филм каков што обожавателите долго чекаа“, велат од продукцијата.

Филмот е награден со Оскар за најдобра оригинална песна „Time of My Life“ и е вброен во најпопуларните филмови на сите времиња.

Ѕвездата на филмот, Патрик Свејзи почина од рак во 2009 година.

Во продолжение прочитајте неколку интересни работи поврзани со филмот.

Филмот е сниман во октомври. Листовите на дрвјата и свеќињата во позадина на сцените биле боени зелени за сцените да изгледаат автентично.

Водата во езерото била толку ладна што устите на глумците им помодреле. Поради таа причина немало блиски кадри во легендарната сцена.

View this post on Instagram

Moments like this! ? #DirtyDancing

A post shared by Dirty Dancing Movie (@dirtydancingmovie) on

Џенифер Греј за време на снимањето имала 27 години. Значи била 10 години постара од ликот што го глумела.

Во вистинскиот живот Џенифер Греј и Патрик Свејзи не се поднесувале. Често се препирале и се гледале попреку, тврди продуцентката на филмот Линда Готлиб.

Били Зејн требало да го глуми Џони Кастл. Не ја добил улогата бидејќи тој и Џенифер Греј не изгледале хармонично пред камерата.

Трошоците за филмот изнесувале 6 милиони долари, а филмот заработил околу 214 милиони долари. Продолжението на филмот „Валкан танц 2“ чинел 25 милиони, а заработил само 14.

View this post on Instagram

Baby and Johnny ❤️#FridayFeeling #DirtyDancing

A post shared by Dirty Dancing Movie (@dirtydancingmovie) on

За улогата на Франсис на аудиција била и Сара Џесика Паркер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот