Валент и Мартин Синковиќ станаа најуспешни олимпијци во историјата на Хрватска

фото: EPA-EFE/ALI HAIDER

Хрватските веслачи Мартин и Валент Синковиќ го освоија третиот златен медал на Олимписките игри во кариерата бранејќи ја титулата олимписки шампионина трката на 1500 метри во двојки во Париз.

Покрај тоа што на Хрватска ѝ го донесоа третиот медал на Олимписките игри во Париз, браќата Синковиќ станаа и најуспешните олимпијци во хрватската историја.

Тие станаа првите Хрвати со четири олимписки медали на Летните игри од независноста на Хрватска, со вкупно три злата и едно сребро.

Во Лондон 2012 го освоија среброто во четворка во двојки со Дамир Мартин и Дејвид Шаин, во Рио 2016 го освоија златото во двојки, па ја сменија дисциплината и пред три години во Токио славеа во дуото без кормилар.

Дамир Мартин, кој не успеа да се пласира во финалето во сингл во четвртокот, и ракометниот голман Венио Лосерт, кој има златни медали од 1996 и 2004 година и бронза од 2012 година, имаат по три олимписки медали.

Освен тоа, непобедливиот двоец има девет медали, од кои шест златни, од светските првенства и исто толку од европските првенства каде седум пати беа шампиони.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот