Валенсија си го „купи“ местото во ЛШ

EPA-EFE/RAUL CARO

Иако Барселона ја слави титулата во Ла Лига, бранувањата во шпанскиот фудбал допрва почнуваат. Челниците на лигата се сомневаат во неколку „местенки“, а прва на удар е екипата на Валенсија и нејзиниот натпревар против Ваљадолид.

Во последното 38 коло во Ла Лига, Валенсија му гостуваше на Ваљадолид кој немаше никаков резултатски императив бидејќи претходно го обезбеди опстанокот, и на крајот загуби со 0:2.

Сепак, овој натпревар ќе има и трето полувреме бидејќи неколку фудбалери на Ваљадолид се под истрага дека примиле мито и ѝ „пуштиле“ на Валенсија да победи и со тоа да обезбеди пласман во ЛШ наредната сезона.

Во текот на денешниот ден, шпанската полиција по налог на јавното обвинителство, уапси неколку поранешни фудбалери, меѓу кои се најде и Раул Браво кој во минатото го носеше дресот и на Реал Мадрид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот