Валенсија се жали во УЕФА поради предлогот на шпанската федерација

фото: твитер

Доколку се прогласи сегашната табела како конечна, клубот од „Местаља“ можеби нема да ја има можноста да игра во евро-куповите следната сезона.

Вчера беше објавен предлогот на шпанската фудбалска федерација до „Ла Лига“ што се однесува до европските купови за следната сезона, а како најголем „губитник“ би бил Атлетико Мадрид.

Челниците на шпанскиот фудбалски клуб Валенсија се жалат до УЕФА, односно не се согласуваат да се прогласи сегашната табела во „Ла Лига“ како конечна, пренесува „Марка”, а исто така би изгубиле приход од 50 милиони евра доколку не играат во Европа следната сезона.

Екипата во последните две сезони беше дел од Лигата на шампионите, заработувајќи повеќе од 60 милиони евра од натпреварувањето.

Исто така доколку биде прифатен тој предлог Валенсија можеби нема да ја има можноста да игра во евро-куповите следната сезона. Хетафе и Атлетико Мадрид би играле во Лигата на Европа. Третиот билет за ЛЕ во оваа ситуација и натаму не е познат, а ќе го добие или Валенсија, или Атлетик Билбао кој треба да игра во финалето на Купот на Шпанија против Реал Сосиедад.

До прекинот на сезоната во првенството поради пандемијата на коронавирусот клубот од „Местаља“ се наоѓаше на седмото место на табелата, барајќи го последниот билет преку Лигата на Европа заедно со финалистот на шпанскиот куп Атлетик.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот