Валенсија се распаѓа, а ќерката на сопственикот ги понижи навивачите: Можеме да правиме што сакаме со клубот

Неколкукратниот шампион во Ла Лигае во тотален распад, тренерот Алберт Селадес е отпуштен, спортскиот директор Сесар Санчес поднесе оставка, а сега ќерката на сопственикот долева масло на огонот.

Селадес доби отказ откако Валенсија освои четири бода во последните пет натпревари, а веднаш потоа оставка си поднесе и спортскиот директор Сесар Санчес.

Тренерот Селадес е шестиот тренер на Валенсија кој добива отказ откако во 2014 година клубот го купува милијардерот од Сингапур, Питер Лим.
Фановите се гневни бидејќи екипата по продолжувањето на сезоната игра очајно, а сега ќерката на сопственикот им долеа масло на огнот.


„Одиме повторно.. Некои навивачи на Валенсија не навредуваат и пцујат мене и моето семејство. Како не сфаќаат? Клубот и наш и можеме да правиме што сакаме со него и никој не може да ни каже ништо“, порача Ким Лим.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот