Валенсија и Димитријевиќ се изборија за мајсторка против Басконија

димитријевиќ
Ненад Димитријевиќ /Фото: facebook.com/valenciabasket

Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ и неговиот тим Валенсија по вечерашната победа над Басконија од 89:82 се избори за мајсторка во плеј-офот во шпанска АЦБ лига.

Диитријевиќ не доби голема минутажа, и во победата на неговиот тим кој израмни на 1:1 во победи, за 13 минути на теренот постигна со пет постигнати поени.

Одлучувачкиот трет натпревар ќе се игра во Валенсија, а победникот ќе обезбеди пласман во полуфиналето од плеј-офот каде ги чека Реал Мадрид кој беше подобар од Манреса.

Видео на денот