ВИДЕО | Валас: Малку е веројатно дека Путин ќе успее да ја окупира Украина

Бен Волас
Фото: EPA-EFE/Philip Davali

Британскиот министер за одбрана Бен Волас изјави во Копенхаген, каде се одржа донаторска конференција за воена помош за Украина, дека е малку веројатно рускиот претседател Владимир Путин, како што рече, „да успее да ја окупира Украина“.

Според него, руската инвазија врз Украина „забави“ и „почна да пропаѓа“, пишува „Гардијан“.

Валас рече дека борбите сѐ уште траат, но дека Русија слабее во многу области.

„Досега не успеаја и се сомневам дека некогаш ќе успеат да ја окупираат Украина. Нивната инвазија попушташе и постојано се менуваше до таа мера што тие всушност се фокусираа само на делови од југот и истокот, кои се далеку, далеку од нивната таканаречена специјална операција која требаше да трае три дена“, вели британскиот министер за одбрана.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот