Вакво нешто немате видено: Цеца пее на ромска свадба во Рим, а бакшиш пристигнува од сите страни! (ВИДЕО)
Познатата српска пејачка Цеца Ражнатовиќ пред неколку дена заедно со својата ќерка Анастасија, опатуваа во Рим. Тие најпрво шетаа низ Рим, а подоцна фолк-ѕвездата пеела на една ромска свадба која се одржала во луксузна куќа во главниот град на Италија.
Цеца била облечена во црвен фустан, а штом се фатила за микрофонот, таа направила забава за паметење.
Пејачката ги „редела“ своите хитови“, а сватовите и младоженците уживале во нејзиното пеење.
Се разбира, Цеца добила и добар бакшиш, а тоа може да се види и на снимките од свадбата.
Цеца не го криела задоволството што пее на ова веселба.
– Ромска свадба во Рим. Прекрасни луѓе, преубава прослава – напишала пејачката на Инстаграм.
На свадбената веселба во Рим била и Анастасија Ражнатовиќ, која за оваа прилика облекла златен фустан.
Погледнете неколку снимки од свадбената прослава на која пееше Цеца: