Ваква моминска вечер би посакала секоја девојка! Погледнете како прослави снаата на Цеца (ВИДЕО)

Instagram

Богдана Родиќ, која наскоро ќе стане госпоѓа Ражнатовиќ бидејќи ќе се мажи за Вељко Ражнатовиќ, вчера славеше моминска вечер.

Идната сопруга на Вељко е во блажена состојба, а забавата заедно со Анастасија, сестрите и другарките ја започнаа во лимузина.  Додека останатите девојки беа облечени во бели свилени баде-мантили, Богдана носеше розев баде-мантил, па многумина шпекулираат дека таа носи женско дете.

После лимузината, моминската вечер продолжила во куќа каде Богдана ја пречекале балони, многу цвеќе, храна, украси, свеќи, но и жива музика.

Со оглед на тоа дека идната госпоѓа Ражнатовиќ се израдувала и за малку ќе се расплачела, Анастасија ѝ кажала дека таа е принцеза и дека ја има најубавата снаа на светот.

Погледнете како било на моминската вечер на снаата на Светлана Цеца Ражнатовиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот