Ваков костим за капење досега не сте виделе! Погледнете ја реакцијата на децата кога мајка им го облекла

Instagram
Instagram

Ако сте жена која отсекогаш сакала да изгледа како влакнест маж, сега конечно ќе може да си ја исполните таа желба.

Компанијата Beloved Shirts на Инстаграм покажа костим за капење кој сигурно ќе привлече многу погледи кога би го носеле на плажа.

 

Instagram
Instagram

Сите кои уште од сега се подготвуваат за престојното лето се прилично изненадени од новиот костим за капење што го понуди од компанијата Beloved Shirts.

Имено, тие на нивниот Инстаграм профил објавија костим за капење што го рекламираат како „костум со секси гради“, но секси е веројатно последното нешто на што ќе помислите кога ќе го видите.

Instagram
Instagram

Костимот за капење е направен да изгледа како влакнести машко торзо од предната страна, а влакнестиот машки грб ја „краси“задната страна на костимот за капење, пишува The Sun.

Објавата ги остави во шокираше многумина, но на повеќето многу им се допадна и го прифатија како одличен избор на костим за капење за малку забава.

Една од нив е мајка која го купила споменатиот костум и решила да го проба пред своите деца.

Кога таа се облече во костимот, децата останаа шокирани и почнаа да се оддалечуваат од нивната мајка на која целата ситуација и беше смешна.

Овој костим исто така доаѓа во разни бои, така што можете да најдете во тон кој најблиску одговара на вашата кожа, но за да бидете „ѕвезда“ на плажа ќе мора да одвоите значителна сума,  бидејќи чини околу 40 евра.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот