Ваков фитнес тренер никој не би одбил, прочитајте ги неговите совети за перфектно тело (ФОТО)

Летото бара да му посветиме повеќе внимание на нашето тело, посебно во овој пероид кога треба да се појавиме во бикини на плажа. Поради тоа, честопати се одлучуваме за строга диета за полесно да загубиме некој килограм, наместо да вежбаме.

Што точно треба да направиме за да постигнеме идеално тело

Подолу ќе ви пренесуваме неколку совети од Берат Бериша, фитнес тренер од Косово, но кој работи и живее во САД. Бериша во интервју за весникот Коха дава многу интересни совети.

На прашањето дали за брза градба на мускули и нивно дефинирање е подобро да се вежба со телесна тежина, тој вели:

– Во врска со стомачните мускули, јас целосно се согласувам со поговорката дека абдоминалните мускули се градат со кујна, но не само стомачните, туку и вашето тело. Доколку имате слаба протеинска диета, на јаглено-хидтрати и масти, резулаттите ќе бидат многу слаби во салата за вежбање“.

Тој тврди дека е можно чистата диета, вежбите со тежина, како и кардио вежбите да помогнат за побрзо согорување на маснотиите. Тој препорачува вежби со тежина и кардио вежби, од храна препорачува рибино месо, бело пилешко месо, црвено месо, кое има мали количини на маснотии, разни зелени салати, кои можат полесно да се најдат во летната сезона.

Но што се препорачува повеќе за време на вежбите, вода или разни пијалоци?

Бериша вели дека треба да се пие што повеќе вода, а што помалку пијалоци или воопшто да не ги консумираме иститие, затоа што објаснува дека во нив има додолнително шеќер, кој е непотребен.

Запрашан која е најчестата грешка која се прави од почетниците кои вежбаат, тој вели дека вообичаено тоа е исхраната, но исто така и долгото време кое го поминуваат во теретана, односно 2-3 часа, мислејќи дека колку повеќе ќе останат во салата за вежбање, толку повеќе ќе си го развиваат телото.

Фитнес тренерот Бериша, кој е доста активен и со давање на онлајн совети, мисли дека не е потребно повеќе од 1 час вежби за почетниците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот