Вакцините повторно доцнат, надлежните креваат рамена

фајзер вакцина
Фото: Слободен Печат. / Драган Митрески

И покрај доцнењето на вакцините, надлежните се децидни дека застој во имунизацијата нема да има.

Здравствените власти во земјава немаат одговор кога ќе дојдат најавените 500 илјади вакцини од кинескиот производител „Синовак“ и 200 илјади од руската „Спутник“. Според извештаите на Министерството за здравство, може да се види дека е намален дневниот број вакцинирани со прва доза против ковид-19. Засега во земјава има само од вакцината „Фајзер“, од која секоја недела пристигнуваат околу 10 илјади дози.

Во Македонија завчера пристигнаа 30.000 вакцини на „Синовак“, кои се донација од Турција, а помош со вакцини најавија и Грција и Бугарија. Во координација со Европската комисија, Грција најави дека ќе испрати по 20.000 дози од вакцините за Македонија и Албанија, потврди портпаролката на грчката влада, Аристотелија Пелони. Во однос на тоа кога би можеле да пристигнат вакцините, портпаролката на грчката влада објасни дека постои одредена процедура на техничко ниво во координација со Европската Комисија. Од Министерството за здравство не добивме одговор до каде е најавената донација од 50 илјади дози вакцини од Бугарија. Грција и Бугарија на Македонија ќе ѝ донираат вакцини „Астра-Зенека“.

И покрај доцнењето на вакцините, надлежните се децидни дека застој во имунизацијата нема да има.

На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 252.537 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 1.391 граѓани, а вкупно се вакцинирале 9.631 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 420.821 дози вакцини, а ревакцинирани се 168.284 граѓани.

Со последните бројки 48 отсто од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 42 отсто од населението над 65 години е вакцинирано  со барем една доза вакцина и 35 отсто од населението над 60 години е вакцинирано  со барем една доза вакцина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот