9 C
Скопје

Вакцините на АстраЗенека и Фајзер го намалуваат ризикот од хоспитализација за 80 отсто

Една доза од вакцините на АстраЗенека/Оксфорд или Фајзер/БиоНТек против ковид-19 ги намалува шансите за болничко лекување за повеќе од 80 отсто, покажува анализата спроведена во Англија.

Податоците на јавното здравство во Англија за луѓето на возраст над 80 години се совпаѓаат со слично „шпекулативните” резултати во Шкотска.

Секретарот за здравство Мат Хенкок истакна дека наодите се „многу силни”.

Тој додаде и дека со вакцинацијата може да се објасни зошто бројот на приеми во одделите за интензивна нега поради Ковид-19 за луѓето над 80-годишна возраст во Велика Британија е „намален на едноцифрен број во последните неколку недели”.

Повеќе од 20 милиони луѓе ја примиле првата доза од вакцината против коронавирус во Велика Британија, односно над една третина од возрасната популација.

Прочитајте и...  Опозицијата го обвинува Курти дека го блокира Косово поради изборите во Албанија

Поврзани вести

Лавров во Техеран ќе разговара за нуклеарниот договор и кибер нападот врз Натанц

Слободен печат

Советот за безбедност на ООН денес разгледува извештај за работата на УНМИК

Слободен печат

Канада забрани извоз на дронови во Турција

Слободен печат

Бајден: Мирните протести се разбирливи, но нема оправдување за насилството

Слободен печат

Најмалку 20 загинати во автобуска несреќа во Перу

Слободен печат

ВИДЕО: Убиен ученик, ранет полицаец при пукање во средното училиште Остин-Исток Магнет во Ноксвил

Слободен печат

Остави Коментар