Вакцините на „Астра-Зенека“ и „Џонсон и Џонсон“ не се препорачуваат во Норвешка

Вакцините против ковид-19 на британско-шведската компанија „Астра-Зенека“ и Џансен на американската компанија „Џонсон и Џонсон“ не треба да се користат во норвешката програма за вакцинирање.

Таква препорака денеска даде владина група експерти за вирусни векторски вакцини, јави телевизијата НРК.

Норвешка сè уште не започнала да ја користи вакцината Џансен, која беше одобрена во ЕУ и Кралството на 11 март. Одлуката се заснова на фактот дека можните несакани ефекти – згрутчување на крвта, бараат дополнително проучување.

Вакцината на „Астра-Зенека“ во Норвешка беше укината истиот ден, на 11 март, по извештаите за згрутчување на крвта и нарушувања на коагулацијата на крвта кај вакцинирани лица. Норвешката агенција за јавно здравје, како и експертската група, препорачува вакцината целосно да се исклучи од програмата за вакцинација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот