Вакцините ја победија смртта: Израел ги намалува мерките, бројките драстично паѓаат

epa09063618 People sit in a re-opened restaurant in downtown Jerusalem, 09 March 2021. Israeli government approved the easing of coronavirus restrictions allowing bars, restaurants, event halls, sporting events to re-open to the public on 07 March. Israel has so far vaccinated five million citizens with the first dose of the coronavirus vaccine and almost four million with the second dose. EPA-EFE/ABIR SULTAN

Израел, кој е светски шампион за имунизација против коронавирусот, достигна две пресвртници оваа недела – повеќе од половина од возрасната популација е вакцинирана, а стапката на ширење на вирусот падна на најниско ниво.

Податоците на израелското Министерство за здравство покажаа дека стапката на позитивно тестирање на коронавирусот во средата е само 1,3 проценти, што е најниско ниво од јуни минатата година.

Од почетокот на пандемијата, 831 383 лица во Израел биле заразени со коронавирусот, а за време на пикот којшто се случи на крајот на минатата година и почетокот на оваа година, се пријавувале повеќе од 10 000 случаи дневно. Сега има толкав вкупен број на активни случаи што опаѓа од ден на ден. Вкупно 6 165 луѓе починаа во земјата, а две лица починаа во петокот.

Податоците на израелското Министерство за здравство, исто така, покажуваат дека 50,07 проценти од населението ги примиле и двете дози вакцина за коронавирус, а оние кои примиле барем прва доза изнесуваат 55,96 проценти од популацијата.

– Ја преминавме границата од 50 проценти од сите израелски граѓани вакцинирани со втората доза. Поради нив, Израел го победи коронавирусот. Останува само да се следат упатствата за да не се врати епидемијата, објави министерот за здравство, Еделштајн.

Податоците за драматичното подобрување на епидемиолошката состојба во Израел се припишуваат главно на успешната кампања за вакцинација.

Стапката на морбидитет во Израел продолжи да опаѓа дури и откако земјата започна да ги укинува ограничувањата што ги воведе во екот на вториот бран.

Оттогаш, голем дел од образовниот систем е повторно отворен, заедно со голем дел од економијата. Дозволен е ограничен број гости на спортски и културни места, што постепено се зголемува со намалување на бројот на заразени.

Извор: Блиц.рс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот