Вакцините и тестовите за ковид-19 нема да имаат ДДВ до крај на 2022 година

Во државите-членки на ЕУ нема да се плаќа данок на додадена вредност (ДДВ) на вакцините и тестовите за ковид-19 до крајот на 2022 година.

Советот на ЕУ ги усвои измените и дополнувањата на директивата за заеднички систем за ДДВ, кои им овозможуваат на членките привремено да не наплаќаат ДДВ на вакцините и тестовите за коронавирус, како и на тесно поврзани услуги.

Усвоената мерка се однесува само на вакцините против ковид-19 и ќе стапи во сила наредниот ден откако ќе биде објавена во Службен весник на ЕУ.

Европската комисија, која предложи привремена нула ДДВ за вакцините и тестовите кон крајот на октомври, ја поздрави одлуката на Советот и рече дека тоа значи олеснување за болниците, лекарите и поединците и исто така обезбедува подобар и поевтин пристап до алатките за спречување, откривање и лекување на коронавирус.

Во моментов, членките на ЕУ можат да применуваат пониски стапки на ДДВ за вакцините, но не и нулта стапка, додека намалената стапка не се однесува на тестовите.

Според изменетата директива, членките ќе можат да применуваат пониска или нула стапка и на вакцините и на тестовите доколку тие така изберат.

Европскиот комесар за економија Паоло Џентилони ја поздрави новата регулатива и посочи дека тоа ќе придонесе за поевтинување на вакцините и тестовите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот