Вакцинираните американски туристи ќе можат да патуваат во ЕУ

Фото: EPA-EFE/JUSTIN LANE

 Американските туристи ќе имаат право да ја посетат Европската унија во наредните месеци, под услов да се вакцинирани против Ковид-19, изјави за „Њујорк Тајмс” претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен.

– Колку што гледам, Американците користат вакцини одобрени од Европската агенција за лекови. Тоа ќе им овозможи слободно да се движат и слободно да патуваат во Европската унија, рече таа.

– Едно е јасно: 27-те земји-членки безусловно ќе го прифатат секој што е имунизиран со вакцини одобрени од агенцијата, рече Фон дер Лајен но не прецизираше кога точно ќе се случи тоа. Според весникот, новите правила може да стапат во сила ова лето.

Европската агенција за лекови ги одобри сите три вакцини што се користат во САД: Модерна, Фајзер/Бионтех и Џонсон и Џонсон.

Обновувањето на патувањата ќе зависи „од состојбата со епидемијата, но состојбата се подобрува во САД, како и, се надеваме, и во Европската унија”. Фон дер Лајен го подвлече огромниот напредок на САД, кои се на пат да вакцинираат 70 проценти од возрасната популација до средината на јуни.

Пандемијата го уништи туристичкиот бизнис на европскиот континент, бидејќи голем број земји на ЕУ ги затворија своите граници за патувања кои не се неопходни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот