9 C
Скопје

Вакцинирани 652 здравствени работници, во пораст бројот на нови случаи со ковид-19

Бројот на заболени и на хоспитализирани лица со ковид-19 во земјава се зголемува на дневна основа. Вчера беа регистрирани 415 нови случаи, завчера 373, а ден пред тоа 347.

Расте и бројот на хоспитализирани со ковид-19. Нивниот број на инфективните оддели во земјава изнесува 636 од кои 261 во Скопје, а завчера тој број изнесуваше 616. Според вчера објавените податоци за изминати 24 часа регистрирани се и 19 починати и 244 оздравени пациенти.

Вкупниот број ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 98.584, бројот на оздравени е 89.022, на починати е 3.037, а на активни случаи изнесува 6.525.

Единствениот начин за справување со вирусот е вакцинација. Таа во државава почна на 17 февруари во модуларната болница на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје. Министерството за здравство (МЗ) вчера изутрина соопшти дека за два дена се вакцинирани 453 здравствени работници кои работат во ковид-центрите во државава. Министерот за здравство Венко Филипче вчера попладне ја посети модуларната болница на Инфективната клиника по што на својот ФБ профил напиша дека вчера до 17 часот се вакцинирани 199 здравствени работници.

Имунизацијата на медицинските работници се одвива непречено и со полн капацитет. Во модуларната болница се поставени шест вакцинални позиции и се работи во две смени од 8 часот наутро до 20 часот од понеделник до сабота, информираа од МЗ.

Прочитајте и...  Филипче: Денеска пристигнува пратка од 2000 вакцини од Кина

Во тек е првата фаза од имунизација во земјава, а во меѓувреме се одвива пријавувањето на веб страницата vakcinacija.mk, како и преку матичен лекар за сите граѓани над 70 – годишна возраст за кои вакцинацијата почнува веднаш после здравствените работници опфатени во првата фаза. Досега на веб страницата 58.500 граѓани се пријавиле за вакцинација, а преку матичен лекар 32.917 граѓани на возраст од над 70 години.

Во тек е имунизацијата со вакцини на производителот „Фајзер”, а кон крајот на месецов во земјава се очекува да стигне и вакцината на кинескиот производител „Синофарм”, од каде во директни преговори купени се 200.000 вакцини против ковид-19.

Државава преку Ковакс механизмот има обезбедено 833.000 дози вакцини. Правата испорака која ќе пристигне во нашата земја ќе биде со вакцината „АстраЗенека”, од која првата количина е планирано да стигне во март. Од оваа вакцина за Северна Македонија се предвидени меѓу 103.200 и 175.200 дози, од кои околу 35 отсто треба да пристигнат во првиот, а останатите во вториот квартал од годината. Во првата испорака на Ковакс механизмот за вакцини „Фајзер” вклучени се само 18 земји, а не се вклучени земјите кои почнале сопствени програми за вакцинација против ковид-19. Сите вакцини кои се на пазарот се развиени на безбедни платформи, односно се безбедни за граѓаните. Сите производители на вакцини имаат документи од нивните национални агенции, а „Фајзер” дополнително е вакцина која е регистрирана и од европското и американското регулаторно тело за квалитет на лекови, соопштија од Министерството.

Прочитајте и...  ЕК по аферата „Мафија“: Неисполнување на критериумите може да доведе до укинување на безвизниот режим

Премиерот Зоран Заев вчера истакна дека со сериозност се работи на постапките за набавка на вакцини против ковид-19 и се прави одмерување бидејќи, како што наведе, на крајот може да се доведеме во состојба да има три милиони вакцини за еден милион граѓани за вакцинација.

–  Прво не се работи за никакво игнорирање, ние секој пат со достојна почит постапуваме кон сите добронамерни понуди. Се работи пред се за одговорност, ако имате предвид дека сте ставиле потпис во Ковакс системот, па дури и сте авансирале 20 отсто и платиле од парите за вакцината, сте потпишале директен договор со „Фајзер” и ги калкулирате овие плус количини на првите од 800 000. Ја знаете отприлика количината која ЕУ официјано објави, 70 милиони евра за Западен Балкан, само ако го пресметате и го ставите процентот на граѓани од Република Северна Македонија во Западен Балкан можете да пресметате колку имате количини, потенцираше Заев, одговарајќи на новинарско прашање зошто се игнорнирала понудата за руските вакцини.

Прочитајте и...  Курти: Новата Влада ќе ја заживее промената во Косово

Тој посочи дека тоа што е уплатено или договорено со Кина, тоа што го имаме како понуда со соседите, на крајот може да се доведеме во состојба да има три милиони вакцини за еден милион граѓани за вакцинација.

– Така што се прави одмерување, секако јас уште еднаш потврдувам – здравјето на граѓаните е суверено право, иако сме најнова членка на НАТО, ниту Вашингтон, ниту НАТО, стретешките партнери на државата, ниту ЕУ има резерви или предрасуди во делот на изборот на вакцините, дали се работи за „Фајзер”, „Астра Зенека” или се работи за „Синофарм” или за „Спутник” од Русија или каде било конкретна одговорност не можете да направите оти кога влегувате во прифаќање на понуда, ставате потпис во најмала рака, дури и парите да не се исплатени, ниту авансите, морате да ги искалкулирате сите количини. Така што не смееме да дозволиме се работи за скапа, многу важна работа, се работи за огромни народни пари така што не смееме да си дозволиме ништо друго освен сериозност околу постапките за набавки на вакцините, рече премиерот Заев.

Поврзани вести

Славчо најавува облачно време со дожд и грмежи

Слободен печат

„Слободен печат“ неколку дена по ред е цел на континуирани и добро организирани напади

Слободен печат

ЕУ до крајот на 2021 година добива 200 милиони вакцини „Џонсон & Џонсон”, за кои не е потребна втора доза

Слободен печат

Лансет: Британската варијанта на коронавирус не предизвикува потешки форми на ковид-19

Слободен печат

Лавров во Техеран ќе разговара за нуклеарниот договор и кибер нападот врз Натанц

Слободен печат

Советот за безбедност на ООН денес разгледува извештај за работата на УНМИК

Слободен печат

Остави Коментар