Вакцинирани 1274 здравствени работници, над 102 илјади граѓани се пријавиле за вакцинација против ковид-19

Скопје, 17 февруари 2021 / Фото: Драган Митрески - Слободен печат.

Досега 1274 здравствени работници примиле вакцина против ковид-19, информираа од Министерството за здравство.

Имунизацијата се одвива во модуларната болница при Инфективната клиника во Скопје, а се врши со 4680 од предвидените 8000 дози вакцини од производителот „Фајзер” кои државава го доби како донација од Србија.

Преку веб-страницата „vakcinacija.mk” 63.075 лица се пријавиле за вакцинација, а 39.003 граѓани преку матичен лекар, посочија од Министерството за здравство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот