Вакцини: Белгија „бетер“ од Македонија

скопје вакцинација вакцини вакцинирање јане сандански вакцини јане сандански поликлиника
EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Според политички набилданата атмосфера во земјава, изгледа дека толку сме „гладни“ за вакцини, што не можеме да се додржиме да не заминеме некаде (Србија) да не боцнат. Дрва и камења фрла опозицијата врз здравствените власти како тоа досега не успеале да набават вакцини, кога светот одамна се вакцинира. А стварноста е некако поинаква. Имено нема ни сто илјади пријавени граѓани кои чекаат да бидат вакцинирани со некоја од „шведската маса“ вакцини што ја побаруваме со месеци.

Но проблемот не е само наш. Нека не е за утеха но треба да се знае дека на пример со недели, вакцинацијата во Белгија е предмет на потсмев.

Како што пишува Политико, земјата има 579 000 дози кои моментално лежат неискористени во замрзнувач. Белгија е рангирана на четвртото место од дното во Европа кога се мери со процентот на луѓе кои добиле барем една доза од вакцината, со само 7,8 проценти од изминатиот викенд.
Но официјалните лица ветуваат дека промената ќе дојде наскоро, односно дека заинтересиран возрасен човек може да ја добие првата вакцина до 11 јули, годинава!!! Тоа велат експертите била амбициозна цел, затоа што со сегашното темпо не би се вакцинирало ниту 70 проценти од белгиските возрасни лица до јуни 2022 година.

Изјавите пак на Фламанскиот министерот за здравство се многу слични со оние на нашиот Филипче: „Ако вакцините се достават како што е ветено, првата доза можеме да ја дадеме до 11 јули“, изјавува министерот Велзијн Ваутер Беке за белгиската телевизија.

Слична цел е можна и за регионот Брисел, но сепак „набавката на вакцините е сè уште прилично неизвесна“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот