15 C
Скопје

Вакцината „Спутник В“ наскоро ќе се произведува во Србија, Иран и Италија

Производство на руска вакцина против коронавирусот „Спутник В“ наскоро ќе се организира во Србија и Иран, а во фабриката Адиене Фарма и Биотек во Италија за неколку месеци, соопшти денеска Кирил Дмитриев, извршен директор на рускиот Фонд за директни инвестиции (РДИФ).

– Руската вакцина веќе се произведува во Белорусија и Казахстан. Производството во Србија и Иран ќе почне наскоро. Потпишуваме партнерства со неколку земји и компании. Покрај тоа, очекувајте за неколку месеци производството на вакцини да биде организирано и во италијанската фабрика Адиене Фарма & Биотек, рече Дмитриев.

Според претходни извештаи, РДИФ потпиша серија договори за производство на вакцината „Спутник В“ во 20 погони во повеќе од 10 земји, вклучувајќи ги Индија, Бразил, Јужна Кореја, Кина, Србија, Италија, Белорусија и Казахстан.

Поврзани вести

Демократите победија на изборите во Херцег Нови, партијата на Ѓукановиќ доби само 6 места

Слободен печат

ВИДЕО | Необично грабнување во Татарстан: Украле авион, се урнаа неколку минути по полетувањето и загинаа

Слободен печат

ВИДЕО: Шпанците излегоа на улиците за да го прослават укинувањето на карантинот – шест месеци беа заклучени

Слободен печат

Медиумски фонд, со пари од медицинскиот канабис!

Љубиша Николовски

ВИДЕО: Непоканет гостин му ја украде славата на министерот додека даваше изјава

Слободен печат

Индија мака мачи со пандемијата, регрутира поранешен воен медицински персонал

Слободен печат

Остави Коментар