Вакцината „Спутник Б“ одобрена за употреба и во Албанија

Фото: EPA-EFE/Malton Dibra

Албанија ја одобри употребата на руската вакцина против коронавирусот „Спутник в“, информираше денеска Рускиот фонд за директни инвестиции (РДИФ), а пренесува агенцијата ТАСС.

„Рускиот фонд за директни инвестиции објавува регистрација на руската вакцина против коронавирус, „Спутник Б“, од страна на Министерството за здравство и социјална заштита на Република Албанија. Првата група на руска вакцина е веќе доставена во земјата“, се наведува во соопштението на РДИФ.

„Спутник Б“ засега е регистрирана во 64 држави со вкупно население од над 3,2 милијарди луѓе.

Испитувањата по вакцинацијата во голем број држави покажуваат дека „Спутник Б“ е најбезбедната и најефикасната вакцина против Ковид-19, пишува ТАСС.

Агенцијата додава и дека оваа вакцина е на второто место во светот според бројот на одобренија од страна на државните регулатори. Прва е вакцината на „Астра зенека“, а на третото место е онаа на „Фајзер“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот